Бериша најави масовен протест во Тирана на 7 јули

 Поранешниот албански претседател и експремиер, Сали Бериша, кој е лидер на крилото на опозициската Демократска партија (ПД)за обнова на партијата, најави одржување протест на 7 јули во 19 часот.

Повикувајќи ги граѓаните на масовност тој рече дека протестот ќе биде против Владата и Собранието.

-Суштината е протест и само протест. Граѓаните почнувајќи од нивниот национален интерес, па се до здравјето, работното место, нивните џебови, чувствуваат дека се во голема опасност. Цела Тирана ќе се излее на плоштад. Ќе има протести против владата, парламентот, рече Бериша.

Според него, „ова не е само протест на ПД, туку и на граѓанското општество, од кое добивме целосна поддршка. Рама не замина, но Рама ќе си замине”.

– Ова е исклучително важна битка. Ние не се согласуваме со овој систем. Ова е монистички систем. Да се кренеме на овој моќен протест. Не можеме да се потчиниме. Не можеме да дозволиме некој да ја трансформира Тирана во мал Белград, Тирана е главен град на нацијата, изјави Бериша.

Додаде дека „оваа битка треба да се прошири низ целата територија на земјата”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот