Бергоми: Интер треба веднаш да го ангажира Пол Погба

EPA-EFE/PETER POWELL

Во натпреварувачката сезона 2019/2020 францускиот интернационалец во дресот на Манчестер јунајтед запиша осум натпревари и две асистенции

Како што пренесува „Ла Гаѕета дело спорт“, „неро-аѕурите“ го посакуваат потписот на Пол Погба (27). Изворот вели дека тренерот на Интер не е импресиониран од настапите на зимското засилување Кристијан Ериксен.

Клубот од „Џузепе Меаца“ е финансиски подготвен да го плати обесштетувањето, но воедно ќе побара од Погба да ја намали платата.

Во натпреварувачката сезона 2019/2020 францускиот интернационалец во дресот на Манчестер јунајтед запиша осум натпревари и две асистенции

Овој играч го пропушти најголемиот дел од сезоната поради проблеми со глуждот. Според „Трансфермаркт“ неговата вредност се проценува на 80 милиони евра.

И легендарниот дефанзивец на Интер, Џузепе Бергоми смета дека клубот треба да се обиде да го ангажира членот на „црвените ѓаволи“.

Доколку имаат економска сила, треба веднаш да го ангажираат. Да, не блескаше изминатите неколку сезони, но тој има квалитет да игра одличен фудбал. Не му треба посебно да се адаптира, веднаш може да направи разлика на теренот. Покрај техничките способности и со својата физичка форма, и натаму би доминирал во Серија А – рече Бергоми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот