Беретини: Новак пишува историја на овој спорт

EPA-EFE/NEIL HALL

Италијанецот Матео Беретини кој за прв пат играше во финалето на еден грен слем турнир, не успеа да дојде до трофејот бидејќи подобар од него беше Новак Ѓоковиќ. Беретини загуби во четири сета и тоа со 6:7,6:4,6:4,6:3.

– Ова е неверојатно чувство, сигурно е дека Новак беше подобар од мене бидејќи е голем шампион и пишува историја на овој спорт и ги заслужува сите честитки. За мене голема чест е да бидам тука, да играм во финалето и чувството е неверојатно. Имав одлични резултати во Лондон и не можам да барам повеќе. Исто така честитки за тимот на Новак кој направи неверојатна работа – изјави Беретини по поразот во финалето.

Историја на Ѓоковиќ, триумф на Вимблдон за 20. грен слем титула

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот