Бербок: Германија е за побрзи преговори за приближување на Западен Балкан до ЕУ

Аналена Бербок
Аналена Бербок / Фото: EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN AFFAIRS MINISTRY

Дискусијата за приближување на земјите од Западен Балкан кон Европската Унија треба да се забрза, смета германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, пренесува Радио Слободна Европа (РСЕ).

„Не треба повеќе да се губи време во напорите за интеграција и усогласување“, изјави Бербок по разговорот со нејзината словенечка колешка Тања Фајон во Берлин.

„Ништо не смее да се создаде на Балканот каде што може да се смести Русија или други актери. Освен Русија, Кина бара поголемо влијание и на Западен Балкан. Западен Балкан географски е во средината на ЕУ. Мора конечно да ги внесеме луѓето од Западен Балкан во нашиот политички центар“, рече Бербок.

Според германската министерка, Унијата требало да го исполни ветувањето за отворање на пристапните преговори, особено со Северна Македонија и Албанија.

„Тоа е во наш стратешки интерес и исто така прашање на кредибилитет“, рече таа.

Во март 2020 година, Европскиот совет се согласи да ги отвори пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, а Бугарија ја блокираше таа одлука со вето поради спорови околу јазикот и историјата, додека Брисел го врза напредокот на Тирана на патот кон ЕУ со напредокот на Северна Македонија.

Меѓутоа, минатата недела Парламентот на Бугарија и даде зелено светло на владата да ја одобри преговарачката рамка за членство на Северна Македонија во ЕУ. Предложеното решение за укинување на бугарското вето сега се разгледува во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот