Бензинска пумпа бесплатно точи гориво, под еден услов! (ФОТО) – Слободен печат
ЗабаваМагазин

Бензинска пумпа бесплатно точи гориво, под еден услов! (ФОТО)

Бензинска пумпа во Русија имала идеја горивото да биде бесплатно за сите оние што ќе го точат во долна облека.

Добриот маркетинг е повеќе од половина завршена работа. Сите сме сведоци дека без добра и впечатлива реклама нема ништо. Некогаш иницијалната желба е во целосна спротивност со пораката на маркетинг кампањата, како во овој случај.

Бензинска пумпа во Русија имала идеја горивото да биде бесплатно за сите оние што ќе го точат во долна облека. Целта била жените да се соблечат и да привлечат купувачи. Но, жените не паднале на оваа провокација.

Наместо разголени девојки кои точат бензин, бензинската пумпа е преполна со мажи кои ги позајмиле костимите за капење и долната облека од своите партнерки или можеби дури и ги купиле.

Едно е сигурно – маркетинг кампањата успеала без оглед која ѝ била целта, а жените и другите минувачи барем можат да стојат покрај пумпата и слатко да се изнасмеат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close