Бензините поскапуваат, а дизелот поевтинува

Гориво / Фото: МИА

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,5 денари за литар, а дизелот поевтинува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 92 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 94, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 86, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 84 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,258 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 52,436 денари.

Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар кај бензините во просек за 1,33

Видео на денот