Бензините поевтинуваат за половина денар, а дизелот за еден денар

Фото: Архива на „Слободен печат“

Бензините од полноќ поевтинуваат за половина денар, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 58 денари, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 60 денари за литар. Дизелот од полноќ ќе се продава по цена од 49,5 денари по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство по 49 денари.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 1,107 ден по килограм и ќе изнесува 25,831 ден по килограм.

Поевтинувањето се должи на намалувањето на нафтените деривати на светските пазари во изминатиот седумдневен период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот