Бензините од полноќ поевтинуваат за половина денар, дизелот останува со иста цена

Фото: Архива на „Слободен печат“

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59, а ЕУРОСУПЕР БС-98  ќе се продава за 61 денари за литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) остануваат 50,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,109 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 26,754 денари.

Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат намаленат референтна цена на бензинот во изминатите седум дена во просек за околу 2,515 отсто, зголемената кај дизелот за околу 0,074 отсто, како и за 0,006 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот