Бензините од полноќ ќе поевтинат за половина денар

Бензините поевтинуваат половина денар од ноќеска на полноќ, а кај дизелот нема промена на цената, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе изнесува 68 денари за литар, Еуросупер БС 98 за 70 денари, а Еуродизел (Д-Е V) и натаму ќе се продава по 62 денари.

За 0,004 денари поскапува мазутот М-1 HC , и новата цена ќе изнесува 33,344 денари за килограм.

РКЕ ја донесе одлуката за намалувањето на малопродажните цени на нафтаните деривати, што во просек изнесува 0,09 проценти, врз основа на цените на горива и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот