Бензема за споредбите со Жиру: Не може да споредувате Формула 1 со картинг

фото:твитер

Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема, изјави дека никој не треба да го споредува него со францускиот репрезентативец Оливие Жиру.

Според Бензема кој е избркан од француската репрезентација, невозможно е да се споредат тој и актуелниот напаѓач на „триколорите“.

Не споредувајте Формула 1 со картинг. Пристоен сум кога го велам тоа. Знам дека јас сум Формула 1 – изјави Бензема.

Оливие Жиру за репрезнетацијата на Франција има одиграно 91 натпревар на кои постигна 39 гола, додека Бензема 73. пати го носеше дресот на „триколорите“ и постигна 27 гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот