Бензема за Мбапе: Во сабота играме финале во ЛШ, не се занимаваме со ситници

Реал Мадрид во сабота ќе игра против Ливерпул за трофејот во Лигата на шампионите. По тој повод, новинарите го искористија јавното обраќање за да дознаат како Карим Бензема го сфатил останувањето на Килијан Мбапе во ПСЖ, иако многупати се најавуваше неговиот трансфер во Реал.
– Мбапе? Во сабота нè очекува финалето од Лигата на шампионите. Не е време да се зборува за ситници. Фокусиран сум исклучиво за дуелот против Ливерпул. Дали се чувствуваме изневерени? Зошто? Секој треба да биде фокусиран на своите работи. Секој одлучува за својата иднина. Секој прави што сака. Дали сум изненаден? Тој е играч на ПСЖ – рече Бензема.
Кога се во прашање квалитетите на Ливерпул, Бензема покажа голема почит кон противникот во финалето на ЛШ.
– Тие се многу добри. Не се сменија многу во последните години, но ние размислуваме само на нашата игра. Ние веруваме во себе. Не чувствувам апсолутно никаков притисок. Доволно ќе ни биде да излеземе на теренот и да уживаме – вели играчот на „кралевите“.
Финалниот меч во Лигата на шампионите ќе се игра в сабота во Париз со почеток од 21.00 часот.
Претседателот на ПСЖ тврди дека Реал можел да му понуди повеќе пари на Мбапе
ФОТО+ВИДЕО: Топката за финалето во Лигата на шампионите ќе има натпис „Мир“