Бензема нема да се жали на пресудата со која е осуден за уцена на колега од репрезентацијата

фото: EPA-EFE/KIMMO BRANDT

Францускиот репрезентативец и член на Реал Мадрид, Карим Бензема се откажа од жалбата на пресудата за соучесништво во уцената на колегата од репрезентацијата Матие Валбуена, објавија француските медиуми.

Судот во Париз минатата година пресуди дека Бензема бил вмешан во уцената на Валбуена поради што е осуден на една година условно и парична казна од 75.000 евра. Адвокатот на Бензема тогаш изјави дека ќе поднесе жалба на одлуката на судот, но сега рече дека фудбалерот на Реал Мадрид решил да се откаже од жалбата и ја негира вината.

– Мојот клиент е исцрпен од овој процес. Пресудата е судска вистина, но не е реалност. Карим Бензема секогаш ќе каже дека е невин во оваа афера – изјави Уго Вижие.

Во 2015 година Валбуена беше мета на уцена од страна на три лица кои му се заканиле дека доколку не им 150.000 евра, ќе објават видео снимка на која тој има секс со непозната девојка.

Карим Бензема ги познавал уценувачите и неговата вина е во тоа што го убедувал Валбуена да им плати 150.000 евра на уценувачите.

Поради овој скандал, Карим Бензема повеќе од пет години не настапуваше за француската репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот