Бензема ја отвори душата по враќањето во репрезентацијата: Никогаш не престанав да верувам

Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Карим Бензема за прв пат од 2015 година ќе биде дел од француската репрезентација и се очекува да го предводи нападот на „триколорите“ на Европското првенство.
Бензема беше исфрлен од репрезентацијата по скандалот со Матие Валбуена во кој имаше дури и уцени.Сега фудбалерот на Реал Мадрид вели дека никогаш не престанал да се надева дека еден ден повторно ќе го облече репрезентативниот дрес.
– Никогаш не престанав да верувам инаку не би бил тука каде што сум сега. Ми беше тешко, имаше многу препреки но секогаш се борев и потајно се надевав на кам-бек. Сега сум награден. Совршено се адаптирав, на теренот играме добро и се надевам дека така  и ќе продолжиме – вели Бензема.

Франција е актуелен светски шампион и ќе се обиде ова лето по втор пат во историјата да ги обедини европската и светската титула. Тие надежи им ги подгрева неверојатниот состав со кој располага селекторот Дидие Дешан.
– Дали Франција има најдобар тим на светот? Доколку гледаме според имињата, може да се каже дека е така. Меѓутоа, најважно е тоа што се случува на теренот, мораме да играме со самодоверба но и со респект кон противниците. Мислам дека дека имаме фантастичен тим – изјави Бензема кој не пропушти да го пофали Килијан Мбапе.
– Мбапе е млад фудбалер, тој е феномен. Можам да тренирам со него, заедно играме добро, тој е многу брз и е вешт пред голот. Тој е многу, многу добар играч.

Официјално: Бензема по шест години повторно во француската репрезентација

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот