Бензема ги остави „кралевите“ во мртвата трка за титулата

EPA-EFE/JuanJo Martin

Реал Мадрид ја продолжува трката за шампионската титула со Барселона во Ла Лига, откако во последниот натпревар од 29. коло во дербито со 3:0 ја совлада Валенсија.

Со овој триумф, Реал Мадрид со 62 бода остана на негатива од два бода во одност на Барселона во трката за титулата на осум кола до крајот на Ла Лига.

Најзаслужен за триумфот на „кралевите“ беше Карим Бензема кој постигна два гола, првиот во 61. минута со што конечно го скрши отпорот на Валенсија, а вториот на четири минути до крајот на средбата.

Последниот гол го постигна Маркос Асенсио во 74. минута, само неколку секунди откако влезе во игра.

Реал Мадрид во наредното 30. коло го очекува тешко гостување во Баскија кај Реал Сосиедад, но и Барселона има дерби натпревар, каталонците и гостуваат на незгодната Севиља.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот