Бенкси на слика од Моне доцртал количка од супермаркет па ја продал за скоро 10 милиони долари

Profimedia

Бенкси го рекреираше делото на импресионистот Клод Моне – „Јапонски мост“ во која додаде превртена количка од супермаркет и сообраќаен знак за заштита.

Делото кое е создадено во 2005 година е продадено за 9,8 милион долари. Првичната проценка на сликата била помеѓу 3,9 и 6,5 милиони долари.

„Покажи ми го Моне“ се однесува на делото на импресионистот Клод Моне – „Јапонски мост“, со таа разлика што природната идила, којашто е заштитен знак на францускиот сликар, кај Бенкси е место на природа полна отпад.

Количката од супермаркетот и портокалов знак се гледаат под мостот на сликата на бунтовниот уметник.

Тоа не е рекордна сума за која овој уметник има продадено свое дело. На 3 октомври минатата 2019 година, слика на Бенкси која го исмејуваше Парламентот на Велика Британија, беше продадена за 12 милиони долари.

Уметникот сè уште успева да го чува својот идентитет во тајност – никој освен неговите најблиски соработници не знае како изгледа и како се вика.

Алекс Бранчик, шефот на современата уметност на Сотби, рече дека ова дело е „едно од најдобрите што го направил Бенкси“.

Името на Бенкси никогаш не било официјално потврдено и тој ја започнал својата кариера сликајќи ги зградите во Бристол, за подоцна да стане еден од најпознатите современи уметници.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот