Бенјамин Демир е нов фудбалер на Шкупи

фото: fcshkupi.com

Има 23 години, играч во делот на одбраната и потпиша (договор на една година) за својот 11 фудбалски клуб во својата професионална кариера.

Фудбалскиот прволигаш Шкупи го обезбеди и второто зимско засилување како освежување на одбраната каде што тимот имаше проблеми во досегашниот тек од шампионатот.

Затоа, клубот од Чар одлучи да ангажира еден ветувачки дефанзивец кој може да помогне во остварувањето на позитивни резултати во пролетниот дел од сезоната.

Бенјамин Демир кој има 23 години, а веќе ќе го има својот 11 клуб во кариерата. Беше дел од Вардар, Тетекс, Горно Лисиче, Пелистер, Работнички, Скопје, Македонија ЃП, хрватските екипи Интер Запрешиќ и Хајдук Сплит 2, и Спартак Суботица од Србија.

За Македонија Ѓорче Петров имаше 16 натпревари и постигна два голови. Воедно беше член У17, У19 и У21 репрезентацијата на Македонија.

Демир потпиша договор на една година со Шкупи со можност истиот да биде продолжен.

Денеска започна да тренира со своите нови соиграчи и ќе биде на располагање кај тренерот Ќатип Османи за зимските контролни мечеви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот