Бени Шаќири и Златко Ориѓански свиреа за пријателите – Во публика имаше познати музичари и политичари

Скопската публика вчеравечер имаше можност да го проследи првиот заеднички концерт на Златко Ориѓански и Бени Шаќири, кој се одржа во Македонската филхармонија.

Концертот е резултат на неколкугодишната соработка на овие двајца музичари, секој за себе познат по своја препознатлива музика, од која произлегоа песни кои на македонската музичка сцена понудија еден поинаков и интересен звук.

На своето прво заедничко претставување, беа изведени песни од албумот „Добро утро госпоѓо“.

Посетителите на концертот уживаа во звуците на „Си беше еднаш“, песна со која тие ја започнаа заедничката музичка приказна, а ги испеаја и „Лепотице“, „Галена“, „Анице“ и многу други песни, како и „Генерале“, која е дел од музиката за претставата „Солун град на духови“ на режисерот Слободан Унковски и чии актери, исто така, на задоволство на присутните гости, беа дел од концертот.

На нивниот вчерашен настап во Македонската филхармонија, кој Ориѓански и Шаќири го најавија како концерт со пријателите, како гости настапија Викторија Лоба, која ја испеа „Ружа, ружица“ и Мартина Аврамовска, која настапи со песната „Птицо малечка“.

Во публиката, за која Бени Шаќири рече дека сите што се таму ги чувствува за пријатели, имаше многу познати личности од македонската музичка, но и политичка сцена. Во концертот на своите колеги уживаше Дарио Панковски, а со звуците на добра музика од политиката вчера вечер одмараше и Стево Пендаровски со својата сопруга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот