Бени нема коментар за писмото од културните работници, Шилегов го има последниот збор

Музичарот Арбен Шаќири, не сака да го коментира отвореното писмо од културните работници упатено до премиерот Зоран Заев.

– Не, немам никаков коментар, со почит – изјавил тој за „Фокус“.

Како што пренесува „Плусинфо“, гадоначалникот Петре Шилегов во рок од две недели ќе одлучи кој ќе биде директор на Младинскиот културен центар откако ќе бидат разгледани двете пријави што стасале на конкурсот кој се одложил поради претседателските избори.

– Процедурата за избор на директор на МКЦ  е сѐ уште во тек. Во предвидениот рок на конкурсот се пристигнати две пријави, чие разгледување беше одложено поради изборниот процес. Пријавите се уште не се разгледани од страна на комисијата, но се очекува да бидат разгледани до крајот на оваа работна недела. Откако ќе бидат разгледани согласно конкурсните услови – сите кандидати што исполнуваат услови ќе бидат предложени до градоначалникот, кој треба да донесе одлука за избор во рок од 15 дена. Сакаме да напоменеме дека МКЦ во текот на целиот овој период има В.Д. директор задолжен за реализирање на програмските активности на установата и истата во текот на овој период работи непречено – изјавиле од Град Скопје.

Во писмото кое го потпишаа 251 културен работник, се апелира да не се прават промени во владејачката структура на МКЦ во Скопје.

Тие обвинуваат дека Бени наводно, веќе ја прославувал новата функција, директор во МКЦ, и посочуваат дека тој го немал потребното искуство да раководи со институцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот