Бенфика „падна“ во Франкфурт, голеада на „Стемфорд Бриџ“ (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Екипите на Арсенал, Челси, Ајнтрахт Франкфурт и Валенсија се пласираа во полуфиналето на Лигата на Европа.

Ајнтрахт триумфира со 2-0 против Бенфика и на тој начин поради гол на гости (по оние 4-2 за Бенфика од првиот дуел) си обезбеди полуфинале.

Најмногу голови имаше на Стемфорд Бриџ каде Челси со 4-3 ја елиминира Славија Прага.

Арсенал и во реваншот беше поуспешен од Наполи и славеше со погодокот на Лаказет со 1-0.

Валенсија без проблеми на домашен терен го доби Вилјареал со 2-0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот