Бенет ветува дека ќе го обедини Израел

Премиерот на Израел Нафтали Бенет
Нафтали Бенет / Фото: EPA-EFE/YONATAN SINDEL

Новиот премиер на Израел, Нафтали Бенет, ветува дека ќе ја обедини државата, по конечното одобрување на Кнесетот за нова влада.

Тој изјави дека неговата влада ќе работи за доброто на народот, додавајќи дека нивните приоритети се за носење нови реформи во образованието, здравството и намалување на бирократијата, пренесува ББС.

Мандатот на Бенет, лидерот на партијата Јамина, ќе трае до Септември 2023та година, откако по 12 години го замени Бенџамин Нетанјаху.

Во неговата изјава, новиот премиер на Израел кажа дека конечно има промена на власта во демократија.

Новата влада на Израел е најшироката влада во историјата на земјата, но може да биде и најнестабилната. Работата на Бенет ќе биде многу отежната со самото тоа што ќе треба да ги одржува партиите заедно.

На дебатата на Кнесетот во неделата, поранешниот премиер Нетанјаху им соопшти на парламентот дека тие ќе се вратат, а по соопштувањето на крајните резултати, тој му ја честиташе победата.

Прв состанок на новата израелска Влада

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот