Бенет: Светските сили треба да заземат поцврст став кон Иран

Премиерот на Израел Нафтали Бенет
Израелскиот премиер Нафтали Бенет/ Фото EPA-EFE/YONATAN SINDEL / POOL

Израелскиот премиер Нафтали Бенет денеска апелираше до светските сили да заземат поцврст став кон Иран за време на нуклеарните преговори во Виена, додека некои од водечките израелски разузнавачи отидоа во Вашингтон да разговараат на оваа тема.

Во Виена минатата недела, по пет месеци продолжија преговорите меѓу Иран и водечките светски сили, меѓу кои ги нема САД, бидејќи Иран не сака директни преговори со Соединетите Држави.

Делегацијата на САД е исто така во Виена, во хотел спроти разговорите, и тие, како и преговарачите на ЕУ, изразија разочарување од позицијата на Иран и се прашуваа дали разговорите ќе успеат поради, како што велат, иранскиот цврст став, објави АП.

„Ја повикувам секоја земја што преговара со Иран во Виена да заземе цврст став и јасно да му стави до знаење на Техеран дека не може истовремено да збогатува ураниум и да преговара. Иран мора да ја плати цената за прекршувањето на договорот“, рече Нафтали Бенет.

Продолжија преговорите меѓу Иран и светските сили за нуклеарниот договор

Видео на денот