Бен Афлек за Џенифер Лопез рекол дека е „вистинското нешто“ и открил дека се уште е во контакт со поранешната вереница

Афлек и Џеј Ло во врска беа две години…

Бен Афлек и Џенифер Лопез ја раскинаа врската во 2004 година, кога ја прекинаа својата две годишна веридба. Иако отогаш поминаа 16 години, холивудскиот заводник неодамна откри дека тие се уште се во контакт.

Афлек (47) има само пофални зборови за својата поранешна вереница (50), велејќи дека многу ја почитува, а ја пофалил и нејзината улога во филмот „Измамничките од Волстрит“ и рекол дека таа е „вистинското нешто“.

– Се слушаме од време на време и јас многу ја почитувам. Зар не е неверојатно некој својот најголем филмски хит да го сними на 50 години?, изјавил тој.

профимедиа

Бен и Џенифер се запознаа на снимањето на филмот „Gigli“. Афлек ја запроси во ноември 2002 година, но парот ја откажа свадбената церемонија во септември 2003 година, само еден ден пред таа да се одржи. Тие раскинаа во 2004 година. Тогаш изјавија дека медиумското влијание било претешко за нив.

– Ние не сакавме да имаме јавна врска. Се случи да почнеме да се забавуваме во моментот кога настанаа таблоидите. Не знаевме за тој притисок, ниту пак претпоставуваме дека може да биде толку силен, изјави Лопез во 2016 година во интервјуто за „Extra“.

инстаграм

Бен Афлек во 2005 година се ожени со колешката Џенифер Гарнер, со која доби три деца. Тие двајца се разведоа во 2015 година, главно поради неговиот проблем со алкохолизмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот