-2 C
Скопје

Бен Афлек се сеќава на врската со Лопез: Луѓето беа толку злобни кон неа

Актерот Бен Афлик прозборе за периодот кога луѓето имале само негативни коментари за неговата тогашна девојка Џенифер Лопез.

Афлик беше гостин на подкастот на „The Hollywood Reporter“. Во долгиот разговор, 48-годишниот актер се отвори за своето минато и негативните реакции од јавноста за неговата врска со Џенифер Лопез.

Луѓето беа толку е*ено злобни кон неа – сексистички, расистички. Грди, одвратни работи се пишуваа за неа, што ако тоа се случуваше денес, буквално би можеле да ја изгубите работата заради тоа што сте го кажале“, рече Афлек за време на подкастот.

Instagram
Instagram

Сега таа е почитувана за работата што ја работи, од каде дошла, што постигнала – како што и треба да биде. Јас би рекол дека, доаѓајќи од Бронкс, поголеми се шансите да завршите во суд како Сотомајор отколку да имате кариера како Џенифер Лопез и да бидете тоа што е таа денес“, вели тој.

Прочитајте и...  Како да знаете дали нешто не е во ред со бубрезите

Потсеќајќи се на времето кога бил заедно со Џенифер Лопез, тој вели дека нивната приказна била постојано присутна во медиумите чиј бизнис експоненцијално растел во тоа време.

Instagram
Instagram

Откако ја официјализираа својата врска во музичкото видео „Jenny from the Block“, Лопез и Афлек се верија во 2002 година и беа заедно до јануари 2004 година.

Во 2018 година, самата Лопез го спореди погледот на нејзината врска со Афлек со сегашната веридба со бејзбол легендата Алекс Родригез.

Тогаш беше полошо. Едноставно беше лудо… Сега барем можам малку да ви покажам која сум јас. Тогаш само се веруваше во што и да беше на насловната страница на некој таблоид. Многу пати тоа не беше вистина или беше само една третина од вистината“, еднаш изјави Лопез за „Инстајл“, зборувајќи за тоа како била третирана нејзината врска со Афлек.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Американски хирург учествувал на судење преку видео врска паралено додека оперирал
Instagram
Instagram

Како што вели, со притисокот на социјалните медиуми, денес е навистина тешко да се биде славна личност, но во ерата на таблоидите било многу полошо.

Поврзани вести

ВИДЕО: Американски хирург учествувал на судење преку видео врска паралено додека оперирал

Слободен печат

ВИДЕО | Јелена Карлеуша и Марија Шерифовиќ воодушевени од нејзиниот танц: Водителката на „Sвездите на Гранд“ ја освои публиката

Слободен печат

ВИДЕО | Погледнете како супер – јахта од 75 милиони евра руши дел од марина на Карибите: За сè е виновен компјутерскиот систем

Слободен печат

ВИДЕО | Извонредно откритие: Археолозите пронајдоа церемонијална кочија во близина на Помпеја

Слободен печат

Највисокиот коефициент на интелегенција не е измерен ниту кај Илон Маск или Стив Џобс туку кај жена по име Мерилин

Слободен печат

ФОТО | Миа Костова брутално искрена: Ролката ми е од Зара, а сакото од Бит пазар – Стил имаш или немаш, Шанел не те спасува

СП.

Остави Коментар