Бен Афлек ѝ изгравирал романтична порака на прстенот на Џенифер Лопез

Фото: OnTheJLo

Љубовната приказна на пејачката Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек е навистина неверојатна. Но, Лопез открива дека патот до нивниот среќен крај не бил така лесен.

Во новото интервју за „Епл мјузик“, пејачката зборуваше за обновената романса со актерот и се присети на болката која ја почувствувала во моментот кога тие се разделиле во 2004 година.

„Чувствував голема болка откако раскинавме. Моето срце никогаш не било поскршено од моментот кога ја откажавме свадбата пред 20 години. Искрено, јас се чувствував како да умирам“, вели Лопез.

„Во наредните 18 години, јас бев апсолутно збунета и не можев да ги направам работите како што треба. Но, сега, 20 години подоцна, ние имаме среќен крај“, додава таа.

Џенифер Лопез и Бен Афлек
Бен Афлек и Џенифер Лопез на Венецијанскиот филмски фестивал во 2021 година / Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Лопез откри и дека нејзиниот веренички прстен со блескав зелен дијамант има скриена порака. Имено, Афлек ѝ ја изгравирал пораката: „Не. Одам. Никаде“.

„Така ги потпишуваше нашите електронски пораки кога почнавме повторно да разговараме – ‘Не се грижи, јас не одам никаде’“, раскажа пејачката.

Фото: OnTheJLo

Исто така, таа најави дека ќе издаде нов албум „This Is Me… Now“, ажурирана верзија на нејзиниот студиски албум од 2002 година „This Is Me… Then“.

„Сега размислувам за пораката на албумот – ако и вие, како мене, имате периоди кога губите надеж и речиси се откажувате, немојте. Вистинската љубов навистина постои и некои работи траат вечно, тоа е реалноста. Сакам да ја испратам таа порака до светот, а притоа морам да бидам и ранлива“, заклучува пејачката.

Како потсетување, Џенифер Лопез и Бен Афлек се запознаа на снимањето на филмот „Gigli“ на крајот од 2001 година. Тие ја започнаа својата љубовна врска некаде кон средината на 2002 година и како пар добија голем публицитет. Бидејќи беа омилен пар на јавноста, тие беа именувани како „Бенифер“ во медиумските написи.

Лопез ја објави првата свршувачка со актерот во ноември 2002 година, кога Афлек ѝ даде шест-каратен розов дијамантски прстен во вредност од 1.200.000 долари. За жал, тие ја откажаа венчавката која беше планирана за 14 септември 2003, а на почетокот од 2004 година го објавија и крајот на нивната свршувачка.

Според многумина, видеозаписот за песната „Jenny from the Block“ на Џенифер Лопез, а во кој се појавува и Бен Афлек, е легендарен и претставува важен сегмент од американската поп-музика од тој период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот