Бен Афлек ѝ испратил видео: Нивин Џеј го откачила актерот мислејќи дека е лажен профил и сега се кае

Instagram
принтскрин

 Видео во кое Бен Афлек ѝ се обраќа на девојката Нивин Џеј, со прашање зошто го избришала од апликацијата за состаноци „Раја“, стана вирално откако таа откри дека се кае за постапката, бидејќи мислела дека е лажен профил.

Инфлуенсерката Нивин Џеј објави видео на социјалната мрежа „ТикТок“ за своето искуство кога го одбила актерот Бен Афлек на апликацијата за состаноци „Раја“, по што тој ја пронашол на социјалната мрежа Инстаграм и ѝ испратил видеопорака со објаснување дека негов е профилот.

Оскаровецот актер, режисер и сценарист, во тоа видео зборува директно во камерата и ја прашува: „Нивин, зошто ме избриша? Јас сум“.

@nivinejay

Sorry Ben 🥺🥱 #raya #benaffleck #dating #fyp

♬ original sound – Amir Yass

Нивин под своето видео во кое се снима себеси во разни пози, има напишано: „Извини, Бен“ и има ставено хаштази со името на актерот и апликацијата „Раја“.

Оваа апликација е позната како верзија на „Тиндер“ за славни, односно нејзини членови можат да бидат само познати личности. Таа е лансирана во 2015 година и во описот стои дека е „ексклузивна апликација за состаноци и дружење на луѓе од креативните индустрии“.

Деми Ловато откри дека ја користела оваа апликација откако се раздели со Вилмер Валдерама, исто така се зборуваше дека Чејнинг Тетум станал член на „Раја“ откако раскина со пејачката Џеси Џеј.

epa-efe
EPA-EFE/DAVID SWANSON

Досега за Афлек само се шпекулираше дека ја користи апликацијата и не беше јасно дали профилот е негов или лажен, сè до објавата на кусото видео.

Откако се разведе од Џенифер Гарнер во 2018 година, Бен беше поврзуван со неколку девојки, од кои последната беше актерката Ана де Армас. Сега повторно го поврзуваат со Џенифер Лопез, но ништо не е потврдено.

Во меѓувреме откако Нивин го објави видеото, почнаа реакциите на јавноста. Додека едни ја обвинуваа дека се обидува да стекне пет минути слава, други реагираа дека Афлек е манијак што ја следел дури на Инстаграм за да ѝ прати порака. Сепак Нивин не е девојка која не е запознаена со светот на славните, со оглед дека во изминатите десет години работи како стенд-ап комичарка, актерка во независни филмови и модел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nivine Jay (@nivyjay)

Во 2018 година таа издаде книга „Плачко“ во која зборува како да се надмине периодот по раскинување врска. Во книгата освен за личните искуства, таа има напишано и поеми, кои подоцна ги сподели во неколку свои Инстаграм-стори.

Откако почна јавноста да го напаѓа актерот, Нивин се јави со порака во која го брани актерот и објаснува дека тој не е „манијак“, „воајер“, „натрапник“ и слично, а нејзината објава била со цел не да го исмее него, туку себеси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nivine Jay (@nivyjay)

Читам коментари како го нарекуваат со секакви имиња и мислам дека тоа не е фер. Не ми беше целта да му се потсмевам нему, туку себеси затоа што верував дека тоа е лажен профил. Требаше да биде смешно“, изјави Нивин.

Портпаролот на актерот досега не дал изјава за случката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот