Белоруските власти им забранија на граѓаните да ја напуштат државата преку копно

Гранична полиција
Гранична полиција/ Фото: PETRAS MALUKAS / AFP / Profimedia

Белорусија ја ограничи можноста на своите граѓани да ја напуштат државата преку копно, дозволувајќи им на само оние со дозволи за постојан престој во друга држава да ја напуштат земјата, додека опозицијата мерката ја оквалификува како „апсолутно кршење на законот”.

Белоруската погранична служба во својата порака на социјалната мрежа Телеграм наведе дека само „граѓаните кои имаат документ со кој се потврдува нивниот постојан престој во странство” имаат право да ја напуштат Белорусија.

Во соопштението е наведено дела „дозволата за привремен престој не е причина за патување во странство”.

Белорусија воведе ограничувања за патување во странство во декември 2020 година, официјално поради пандемијата со ковид-19. Напуштањето на земјата по копно е можно најмногу еднаш во шест месеци.

– Режимот (на претседателот Александар Лукашенко) сериозно го ограничи правото на Белорусите да патуваат, тврдејќи дека одредени причини не се доволни за да ја напуштат Белорусија, објави на Твитер, Валери Ковалевски, советник за надворешни работи на опозицискиот лидер Светлана Тихановскаја.

Ковалески додаде дека Уставот не предвидува никакви услови за напуштање на земјата, оценувајќи дека тој претставува „апсолутно кршење на законите”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот