9 C
Скопје

Белорусија во март ќе почне да ја произведува вакцината Спутник V

Белорусија ќе започне со производство на руската вакцина против коронавирус Спутник V во март, а месечниот обем на производство ќе достигне околу 500.000 дози, изјави денеска министерот за здравство Дмитриј Пиневич на состанокот на Министерството за здравство.

– Планираме да започнеме со производство на Спутник V, користејќи ги капацитетите на нашата фармацевтска индустрија. Планираме да произведуваме 500.000 дози месечно, истакна Пиневич, пренесе ТАСС.

Според него, Белорусија сега поминува низ вториот бран на пандемијата со тренд на опаѓање на стапката на инфекција во сите региони. – Најверојатно, третата фаза од зголемувањето ќе биде помалку интензивна, многу ќе зависи од увозот на нови варијанти и обемот на вакцинација, нагласи Пиневич.

Тој додаде дека во моментов има околу 25.000 вакцинирани во земјата и дека први вакцинирани се здравствените работници. 

Прочитајте и...  НБ: Макроекономските параметри поволни и без поголеми отстапувања во однос на очекувањата

Поврзани вести

Бектеши: Владата историски ја зголеми минималната плата

Слободен печат

ВИДЕО: Бајден: Го испративме Бин Ладен до вратите на пеколот, време е нашите трупи да се вратат дома

Слободен печат

Добри вести од Русија: Не е регистриран ниту еден случај на тромбоза по примање на вакцината „Спутник В“

Слободен печат

МГ Фешн: Сакаме да инвестираме во парк и фонтана со површина колку градскиот плоштад на паркингот кај Холидеј ИН

СП.

ВИДЕО | Поранешна полицајка од Минесота обвинета за ненамерно убиство за време на рутинско запирање на возило

Слободен печат

Турски суд нареди ослободување на новинарот Ахмет Алтан

Слободен печат

Остави Коментар