Белорусија протера полски дипломат поради прекршување на Виенската конвенција

Фото: mia.mk

Белоруското Министерство за надворешни работи побара конзулот во генералниот конзулат на Полска во Брест, Јержи Тимофјук да ја напушти Белорусија поради грубо кршење на Виенската конвенција за конзуларни односи, изјавија претставници на белоруското МНР.

Полскиот вршител на должноста во Белорусија, Марцин Војчеховски беше повикан во белоруското Министерство за надворешни работи на 9 март кога белоруската страна му врачила протестна нота поради учеството на конзулот Тимофијеук во неофицијален настан, закажан за „денот на проколнатите војници”. Настанот се одржа во Брест на 28 февруари и во него учествуваа претставници на невладини и младински организации кои имаат врски со Полска.

Белоруското Министерство за надворешни работи соопшти дека ставот на Белорусија во однос на „проколнатите војници” и нивните типични претставници – бандата на Буриј – останува непроменет.

– Глорификација на воени криминалци, цинично оправдување на геноцидот врз белоруската нација, најочигледни прекршувања на обврските на Полска во однос на спречување на глорификација на нацизмот, се апсолутно неприфатливи за нас. Проколнати војници предводени од Ромуалд (Буриј) Рајс извршија злосторства на места густо населени со Белоруси и со тоа се позиционираа на исто ниво со германските нацистички сили. Сеќавањето на изгорените села, стотици цивили кои беа убиени и осакатени е свето за нашата земја. И Белорусија и Полска платија колосална цена за својот опстанок за време на таа страшна војна, соопшти белоруското Министерство за надворешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот