Белорусија нема да потклекне на притисокот од Мосвка за обединување

Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Со нашите мозоци и со рацете заработуваме што можеме, ја градиме нашата земја, рече претседателот на Белорусија и додаде: „Не можеме да бидеме дел од друга земја”.

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко ја обвини Москва денеска дека врши притисок врз неговата земја да се обедини со Русија и нагласи дека тоа нема да го дозволи.

Разговарајќи со работници на истокот на Белорусија, Лукашенко рече: „Ние имаме своја држава, ние сме суверена и независна”.

– Со нашите мозоци и со рацете заработуваме што можеме, ја градиме нашата земја, рече претседателот на Белорусија и додаде: „Не можеме да бидеме дел од друга земја”.

Русија престана да доставува нафта на својот постсоветски сосед по 31 декември. Двете земји не успеаја да се договорат за цената на нафтата оваа година.

Руската суспензија не влијаеше на доставувањето нафта од Белорусија во Европа или на снабдувањето со природен гас, но има последици за Белорусија, која зависи од Русија со повеќе од 80 проценти од своите енергетски потреби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот