Белорусија ги преместува своите воени сили и воената техника : Русија планира нов жесток напад врз Украина?

белоруска армија на граница EPA-EFE/ARTUR RESZKO POLAND OUT

Белорусија започна да ја преместува воената опрема и и воените силите за антитерористичка вежба, а се стравува дека Русија би можела да изврши нов напад врз Украина од територијата на својот белоруски сојузник.

„Во овој период се планира преместување на воена опрема и персонал на силите за национална безбедност“, соопшти белорускиот Советот за безбедност , а пренесува државната новинска агенција БелТА. Движењето на граѓаните и сообраќајот ќе бидат ограничени на одредени јавни патишта и површини, а предвидена е и употреба на оружје за обука“, се наведува во соопштението, пренесено од БелТА.
.

Белорусија соопшти дека нема да влезе во војната во соседна Украина, но претседателот Александар Лукашенко им нареди на припадниците на армијата да се распоредат заедно со руските сили во близина на украинската граница, наведувајќи ги заканите за Белорусија од дејствијата на Киев и Западот.
Белорусија и Русија формално се дел од „заедничката држава“ и се тесно поврзани економски и воено, при што Русија ја користи Белорусија како лансирна рампа за нејзината инвазија на Украина која започна на 24 февруари.

Путин за време на неодамнешната посета на белорускиот претседател Александар Лукашенко на Москва / Фото: EPA-EFE/ MIKHAIL KLIMENTYEV / KREMLIN POOL / SPUTNIK

Зависноста на Белорусија од Русија се продлабочи откако поддршката на Москва му помогна на Лукашенко да го смири бранот немири по спорните избори во 2020 година.

Иако Лукашенко со години се спротивставуваше на распоредувањето на руските војници во Белорусија, руските сили пристигнаа во земјата непосредно пред почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари и го започнаа својот неуспешен напад на Киев од белоруска територија.

Лукашенко ги надгледува маневрите на полигонот Осиповичски – Фотографија ЕПА, Прес-служба на претседателот на Белорусија

Во октомври, Лукашенко најави ново распоредување на 9.000 руски војници во земјата како дел од новите заеднички воени сили меѓу двете земји.

Украина со месеци предупредува дека стравува дека Белорусија и Русија би можеле да планираат нов упад преку северната граница на Украина.

Белорускиот претседател Лукашенко на воените вежби со Русија/Фото: EPA-EFE/BELARUS PRESIDENT PRESS SERVICE /HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Во соопштението објавено на Фејсбук во средата, украинскиот Генералштаб рече: „Непријателските трупи тренираат на полигоните на Република Белорусија“, а руските напади од белоруска територија продолжија.

Минатата недела рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу разговараше со својот белоруски колега Виктор Хренин за воената соработка, но во јавноста не излегоа деталите што ќе опфати таа соработка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот