Белорусија дисквалификувана од овогодинешното издание на Избор на песна за Евровизија

Белорусија официјално нема да учествува на „Евровизија“ оваа година, бидејќи новата песна повторно не ги исполнува критериумите за натпреварување, објави Европската радиодифузна унија (ЕБУ).

Првично Белорусија испрати една песна за натпреварот, но на 10 март беше предупредена од ЕБУ да преземе мерки за песната да биде во рамки на критериумите, бидејќи песната „Јас ќе те научам“ со нејзината содржина „ја загрозува аполитичката природа на овој фестивал“.

По тоа, Белорусија предложила нова песна, од истите уметници, во договорениот рок, а откако ЕБУ и Главниот одбор на настанот внимателно ја преслушале и анализирале, закличиле дека и новата песна, не ги исполнува условите.

Песната на бендот кој претходно објавувал песни во кои ги навредува протестите против претседателот Александар Лукашенко, предизвикала бес кај опозициските политичари, а тоа резултирало со бројни апели на неколку членови од Европскиот парламент, Белорусија да се исфрли од популарното натпреварување.

„Заклучивме дека песната го доведува во прашање неполитичкиот карактер на Евровизија“, соопшти ЕБУ. „Покрај тоа, реакциите кои ги предизвика и се закануваат на репутацијата на Избор на песна за Евровизија“.

Песната на групата „Galasy ZMesta“ содржи збор како „ќе ве научам на ред“ и на службениот јутјуб-канал доби 5800 лајкови и 40.000 дислајкови, од повеќе од половина милион прегледи.

Организаторите изјавија дека внимателно ја проучувале новата пријава, поднесена од Белорусија, и заклучиле дека „таа исто така ги крши правилата“.

Песната е избришана официјалнот евровизиски „YouTube“ канал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот