Белорусија бара САД да го намали дипломатското присуство во земјата

Белорусија им нареди на САД да го намалат своето дипломатско присуство во државата како одговор на новите санкции на Вашингтон, соопшти денеска белоруското Министерство за надворешни работи.

„Ние и предложивме на американската страна да го намали бројот на вработените во амбасадата во Минск на петмина до 1 септември”, рече портпаролот на министерството Анатолиј Глаз.

Тој ги осуди „отворено непријателските” акции на САД.

Оваа недела, САД воведоа нови санкции против Белорусија и институции и компании поврзани со владата на претседателот Александар Лукашенко, зголемувајќи го притисокот врз белоруската влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот