Белоносести коати, нови животни во Зоолошка градина

Зоолошката градина во Скопје е дом на нови животни. Станува збор за белоносести коати.

„За првпат, Скопје ЗОО ќе биде дом на белоносести коати. Овие преслатки цицачи пристигнаа од Љубљана, а како вид потекнуваат од шумските предели на Централна и Јужна Америка. Се нарекуваат уште и коатимунди. Коатите тежат до 4 килограми и со своите опашки многу потсетуваат на ракуните“, велат од зоолошката градина, на нивната фејсбук страна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот