Бело минијатурно бикини и мускули по цело тело: Полудеа мажите, но и жените по оваа фотка на Џеј Ло! (ФОТО)

Опуштена сум и ги наполнив батериите, напиша пејачката и актерка Џенифер Лопез (50) покрај фотографијата на која позира пред огледалото во минијатурниот костим за капење.

По одличниот настап на „Superbowl”, Џенифер Лопез ги воодушеви фановите со уште една фотографија од своето перфектно градено тело во бикини.

Таа на својот профил на Инстаграм профил сподели селфи од кое е совршено јасно дека, иако има 50 години, нејзината фигура како никогаш да не старее.

„Опуштена и со наполнети батерии”, напишала пејачката во описот на фотографијата, која веќе има над 7 милиони лајкови.

View this post on Instagram

Relaxed and recharged. 🤍

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

Фановите ја опсипале со комплименти: „Лудило”, „Гориш”, „Морам да те блокирам”, биле само некои од коментарите.

Освен тоа, и многу познати личности биле воодушевени од ваквото издание на Џеј Ло.

„Убавице”, напишала Наоми Кемпбел. Музичарот Дипло само оставил коментар „OMG”, додека Лени Кравиц духовито напишал – „Значи така стојат работите”.

The post Бело минијатурно бикини и мускули по цело тело: Полудеа мажите, но и жените по оваа фотка на Џеј Ло! (ФОТО) appeared first on Еспресо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот