БЕЛИТЕ ПРЕСТОЛНИНИ: Ова е листа на европските градови во кои најмногу се консумира КОКАИН (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Најновото истражување, кое анализира консумација на кокаин во 75 европски градови, покажала дека оваа дрога најмногу се користи во англискиот град Бристол. На второ место е Амстердам, а потоа следат Цирих и Лондон, пренесува Скај Њуз.

Бристол може да се пофали со најголем број корисници на кокаин по глава од жител, на еден ден, додека Лондон е на прво место по количина на кокаин која дневно се консумира – 23 килограми.

Од 15 градови кои се најдоа на врвот на консумација по глава на жител, дури пет се во Швајцарија – Цирих, Сент Гален, Женева, Базел и Берн.

Фото: Принтскрин

– Цените и понатаму се релативно стабилни, но чистотата се зголемила во последните неколку години. Мислам дека тоа значи дека луѓето сакаат кокаин со поголема чистота, но не сакаат да се вратат 10 години поназад кога чистотата на улицата изнесувала три до пет отсто. Тоа всушност не е производот кои мислеле дека го купуваат. Со чистота поголема од 30-40 отсто, малопродажната цена на кокаинот е ефикасно поевтина од последните години и предизвикува повеќе зависност – рекол Лоренс Гибсон, шеф на отсекот за дрога на Британската национална агенција.

Истражувањето, кое го спровел кралскиот колеџ од Лондон, со помош на европскиот центар за мониторинг на дрога и зависност од дрога, како и група на форензички лаборатории покажале дека жителите на Лондон кокаинот го користат и за време на работната недела, а не како исклучително викенд-дрога.

– Тоа е спротивно во однос на другите градови каде за време на викендот се гледа многу поизразена рекреативна употреба. Ова значи дека кокаинот е секојдневна, вообичаена дрога во Лондон – објаснил форензичар од колеџот во Лондон, д-р Леон Барон.

По вкупна дневна потрошувачка, по Лондон, следи Барселона (12,74 килограми), Амстердам (4,62 килограми) и Берлин (4,62 килограми).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот