Белградските студенти излегоа на протест, Вучиќ се предомисли: Нема да ги затвори студентските домови (ВИДЕО)

Студентите ќе останат во студентските домови, а ќе се зголемат епидемиолошките мерки.

Во рамки на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот во Србија беше донесена одлука да се затворат студентските домови и студентите да се вратат дома.

Меѓутоа, за помалку од два часа откако српските претседател го изјави тоа на РТС, се предомисли и ја смени одлуката донесена од кризниот штаб. Во меѓувреме на белградските улици, во знак на протест против новата мерка на Владата излегоа студентите.

Според српски Блиц, после разговорите на претседателот на Србија Александар Вучиќ и студентите, пронајдено е решени. Студентите ќе останат во студентските домови, а ќе се зголемат епидемиолошките мерки.

Протест студентите ги започнаа вечерва во Студентскиот град веднаш по гостувањето на Вучиќ на РТС каде ги најави новите мерки.

Одлуката е итно донесена, па оваа мерка нема да биде спроведена. Имаку, меѓу студентите има повеќе од 250 заразени.

Инаку, Вучиќ вечерва најави дека Белград нема да биде затворен туку од утре, покрај задолжителното носење маски во затворен простор, сите кафулиња и клубови кои немаат отворена тераса ќе бидат затворени од 23 до 6 часот наутро. Исто така, на затворено засега може да се соберат масимум до 100 луѓе, а на отворено до 500.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот