Белград со услов: Првин повлекување од северот на Косово па потоа продолжување на дијалогот

Србија инсистира на одржување мир и продолжување на дијалогот во Брисел, но не се согласува со несоодветни изјави што ќе ја префрлат вината врз Белград, ниту ќе прифати решенија наметнати со еднострани криминални дејствија


Ова се заклучоците кои денеска на вонредна седница ги усвои српскиот Совет за национална безбедност свикан поради најновите случувања на Косово.

По денешната седница на Советот за национална безбедност, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претстави три основни заклучоци во врска со понатамошните потези на Србија по вчерашната акција на спецјалните косвски сили Росу на административните премини Брњак и Јариње.


Како што истакна за време на своето обраќање по седницата на Советот, за да продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина, првиот услов е повлекување на сите припадници на косовските безбедносни сили од северно Косово и враќање во претходната ситуација, а вториот е за Европската унија односно таа треба да одговори дали се уште постои договорот од Брисел или не.

Вучиќ рече дека Србија ќе побара од ЕУ да одговори на тоа прашање во рок од еден месец, но и на прашањето кога ќе се формира Унијата на српски општини и дека „нивното молчење“ ќе биде „одговор дека овој договор не постои“.

 

Седницата на Советот за национална безбедност беше свикана по вчерашната акција на специјалните единици на РОСУ на административните премини Јариње и Брњак, со кои беа отстранети регистарските таблички од српските автомобили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот