Белград предупреди дека потпишувањето на енергетскиот договор Косово-Албанија ќе влијае на регионалната стабилност - Слободен печат

Белград предупреди дека потпишувањето на енергетскиот договор Косово-Албанија ќе влијае на регионалната стабилност

Официјален Белград денеска соопшти дека меѓународната заедница мора да престане со „создавање енергетски голема Албанија” и оцени дека потпишувањето на договорот Косово-Албанија за заеднички енергетски систем може да влијае на регионалната енергетска и политичката стабилност како и на продолжување на дијалогот Приштина-Белград.

Директорот на канцеларијата на српската влада за Косово, Марко Ѓуриќ истакна дека „Србија е сопственик и градител на електро-мрежата на Косово”, и дека најавата за создавање „енергетски голема Албанија е шовинистичко лице на приштинската политика”.

„Ова е неизводливо на терен и мора да биде запрено од меѓународната заедница пред да може да донесе последици за регионалната енергетска и политичката стабилност и да ги запечати изгледите за дијалог”, нагласува Ѓуриќ во писмената изјава за медиумите.

Косовските и албанските дистрибутери на електрична енергија КОСТТ и ОСТ потпишаа договор вчера во Тирана за воспоставување заеднички енергетски систем со што ќе стави крај на децениската зависност на косовската електро-мрежа од Србија, јавија косовските медиуми.

Договорот беше потпишан со знаење на Европската мрежа на оператори на електропреносни системи (ЕНТСО) и се очекува да стапи во сила во април 2020 година.

Прочитај повеќе

Шилегов: Најголем увозник на отпад е Макстил

Иран именуваше жена за амбасадор во Данска

Слободен печат

Царовска: Пробниот процес за дуално образование дава резултати, тестирани вкупно 135 ученици

Слободен печат

Уставниот суд не поведе постапка за амнестијата за „27 април”

МИА Агенција

Владата на Санчез побара од Парламентот по итна постапка да го ратификува Протоколот за НАТО

Слободен печат

Димковски: Во наредните денови во целост ќе заврши откупот на тутунот

Слободен печат

Остави Коментар

twelve + 12 =

Прочитај повеќе

Сѐ што треба да знаете за корона вирусот

Слободен печат

Мета го поздрави изборот на претседателка на Грција

Слободен печат

Алијанса за Албанците е убедена дека коалиција од две партии може да ја сруши ДУИ

Ден после Водици, се појави црниот лебед во Охридско Езеро (ФОТО)

Поповска: Македонија нема државна лабораторија за проверка на отпадот кој се увезува

Европа и САД се подготвени да му се спротистават на новиот вирус од Кина

Слободен печат