Белград остана без железничка врска со Балканот

Србија воз/ Фото Jerome Cid / Alamy / Alamy / Profimedia

Со привремениот прекин на сообраќајот на меѓународната железничка линија Белград – Бар, Белград ја загуби секоја железничка врска со другите балкански земји, а заедно со уништувањето на меѓународната железница се случува и пустош на локалната железница во Србија, оцени движењето „Да не го давиме Белград“/Зелено-левичарски фронт.

Додека Српската напредна партија се фали дека инвестира во железница и реновира 75 километри пруга меѓу Белград и Нови Сад, состојбата со железницата се влошува, се наведува во соопштението на движењето, посочувајќи дека возовите од Белград до Виена се движеле порано.

Зоран Буквиќ, координатор на сообраќајната група, истакна дека во Западна Европа брзите возови се поефикасен облик на транспорт од авионите, кога се земаат предвид рутите до 400 километри и оцени дека комбинацијата на брзи возови и паркинзи низ градот, како и со интермодална интеграција на возовите со градскиот јавен превоз и јавните велосипедски системи, може да се натпреварува со приватниот автомобил како доминантна форма на транспорт за подолги растојанија меѓу градовите, објави Н1 Инфо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот