Белград од утрово без слободен болнички кревет: Вчера отпуштени 250 пациенти, хоспитализирани 600

Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар предупреди дека утрово во Белград немало ниту еден слободен болнички кревет за пациенти со ковид-19 и порача дека е „крајно време за единство и одрекување од непотребни контакти во наредниот период“.

Лончар, на собраниската седница на која се расправаше за измени и дополнувања на законот за заразни болести, нагласи дека вчера биле отпуштени 250 ковид пациенти, но и дека 600 лица морале да бидат хоспитализирани во последните 15 часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот