Белград на нозе: Кошаркарот кој си замина од Партизан потпиша за Црвена звезда

фото: aba-liga.com

Екипата на Црвена звезда денеска го потврди тоа што се шпекулираше во последните неколку дена.

Американскиот кошаркар Кори Волден викендов го напушти Партизан откако сам си ја „плати“ слободата во висина од 150.000 евра, по што започнаа шпекулациите кои можат да го запалат Белград, дека ќе потпише за Црвена звезда.

Денеска конечно е ставен крај на сите шпекулации, Кори Волден е нов кошаркар на „црвено-белите“.

„Поранешниот МВП во израелскиот шампионат и еден од најдобрите играчи во Еврокупот до прекинот на сезоната, Кори Волден потпиша двегодишен договор со Црвена звезда. Исклучително задоволство за Црвена звезда и ова е уште еден доказ дека нашиот клуб е препознатлив како вистинска средина за напредок на многу играчи. Волден сам си го плати обесштетувањето за да потпише договор со нашиот тим“, објави Црвена звезда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот