Белград: Демонстрантите фрлаат камења и факели, полицијата возврати со солзавец (ВИДЕО)

Немири во српската престолнина откако претседателот Александар Вучиќ најави рестриктивни мерки, односно враќање на полицискиот час од понеделник до петок поради големиот раст на новозоразаени со коронавирусот / Јули 2020, Белград, Србија / EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Насобраните демонстранти пред Национално собрание вечерва повторно ги нападнаа бројните полициски сили, кои се поставени во неговото обезбедување. Врз полицијата беа фрлени камења и факели, на што беше возвратено со солзавец.

На платото и на скалите пред Собранието има поставено железна ограда и два реда силно вооружени полициски сили, кои по фрлените камења врз нив се прераспоредија понапред , притоа испукувајќи неколку солзавци. Поголемиот дел од насобраните демонстранти се повлекоа во паркот наспроти собранието, додека мал дел се уште се пред оградата и ги провоцираат и навредуваат полицајците.

Во толпата пред собранието се голем дел од опозициските лидери, собрани околу Сојузот за Србија, кои попладнево се собраа пред Филозифскиот факултет во Белград, каде побараа преодна влада во земјата и нов Кризен штаб во кој, како што ќе кажаа, ќе влезат вистински експерти епидемиолози.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот