Белгиските здравствени власти загрижени: Пријавени два случаи на мајмунски сипаници

Белгија доктори/ Фото DIRK WAEM / AFP / Profimedia

Белгиските здравствени власти пријавија два потврдени случаи на мајмунски сипаници во земјата.

Докторот Ив Ван Латем објасни дека оваа ретка болест многу забрзано се шири периодов и дека тоа е изненадување. Мајмунската вариола постои веќе десет години.

Болеста не се смета за опасна, освен за ранливите групи како повозрасни лица и лица со слаб имунитет.

Смртноста е меѓу 1 и 10 отсто кај овие луѓе. Опасноста зависи и од сојот.

Можно е Белгија да има повеќе од два случаи, рече докторот.

Според Ван Латем хомосексуалната заедница е попогодена од другите, но не е јасно како се одвива заразата.

– Никогаш не сме имале толку случаи одеднаш и не разбираме, ова никогаш не се случило, рече епидемиологот.

Според лекарските познавање за инфекција е потребен директен контакт со заразено лице, за разлика од Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот