Белгиските разузнавачи водат истрага за шпионажа на институциите на ЕУ

Портпаролот на кинеската амбасада во Белгија изјави дека обвинувањата за шпионажа се лажни.

Белгиските разузнавачки служби покренаа истрага, по извештаите дека Кина ја користи канцеларијата на Малта, лоцирана покрај седиштето на Европската комисија, за прислушување на институциите во Брисел.

Портпаролот на белгиската државна служба за безбедност изјави дека е покрената истрага откако францускиот весник „Ле Монд” соопшти дека се сомнева во шпионажа.

Истрагата беше покрената откако британските агенти известија дека Кинезите ја користат малтешката амбасада како „шпионска кула” за прислушување на институциите на ЕУ.

Британските разузнавачки служби наведуваат дека кинеските тајни служби се вклучени во реновирањето на амбасадата на Малта, а мебелот и одредена опрема за зградата биле донесени од Кина во белгискиот главен град според договорот за соработка од речиси 300.000 евра.

Малтешката амбасада во Белгија ги негираше обвинувањата, велејќи дека мебелот го донира кинеската Влада и дека зградата е опремена во согласност со највисоките безбедносни стандарди.
Портпаролот на кинеската амбасада во Белгија изјави дека обвинувањата за шпионажа се лажни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот