Белгискиот министер за здравство не е задоволен од анализите на ЕМА за „Астра-Зенека“

Фото: EPA-EFE/JOHANNA GERON / POOL

Франк Ванденбрук, белгискиот министер за здравство, смета дека Европската агенција за лекови (ЕМА) не врши доволно продлабочени анализи за вакцината „Астра-Зенека“.

До одлуката на ЕМА пред два дена дека оваа вакцина може да предизвика несакани нус појави Белгија ја користеше кај сите возрасни групи, но стратегијата се ревидираше веднаш потоа и „Астра-Зенека“ нема повеќе да се користи кај лица под 55 годишна возраст во Белгија.

Сепак министерот смета дека ЕМА не си ја завршила работата коректно.

-Сакам да знам, ако имате избор како ја делите? ЕМА има уште работа да заврши. Што правиме со втората доза? Може ли да користиме друга вакцина? ЕМА мора да ги разјасни овие прашања, изјави министерот.

Ванденбрук не е задоволен ниту со фактот што ЕМА не направила анализа на ризикот по возрасни групи и ја пренел оваа порака до неговите колеги во ЕУ.

ЕМА на прес конференцијата соопшти дека вакцината може да предизвика ретки појави на тромбоза, но не се произнесе за ризикот по возраст или пол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот