Белгиски земјоделец „по грешка“ ја поместил границата со Франција

pexels

Еден белгиски земјоделец се најде во центарот на контроверзии откако ја помести границата со Франција.

Локален историчар шетал низ шумата кога забележал дека каменот кој ја обележува границата меѓу двете земји бил преместен за 2,29 метри.

Имено, земјоделецот го преместил каменот на територијата на Франција, очигледно затоа што стоел на патот каде што поминувал со неговиот трактор. Но, наместо меѓународна „бучава“, земјоделецот ги насмеа двете страни.

Тој ја направи Белгија поголема, а Франција помала. Тоа не е добра идеја“, рекол градоначалникот на Еркелин во Белгија.

Границата меѓу Франција и Белгија е долга 620 км, а официјално е признаена во 1820 година. Каменот потекнувал од 1819 година, кога првично била обележана границата.

Белгиските власти планираат да го контактираат земјоделецот и да го замолат да го врати каменот на првобитната локација. Доколку тоа не се случи, случајот може да се испрати до белгиското Министерство за надворешни работи, а француско-белгиската гранична комисија може да биде свикана за прв пат од 1930 година.

Исто така, доколку земјоделецот не го врати каменот на вистинското место, може да биде казнет со парична казна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот