Белгиски суд донесе одлука дека носењето маска на јавно место е неуставно

epa08426551 The Manneken Pis decorated with a face mask in Brussels, Belgium, on 16 May 2020, on the first weekend after Belgium eased lockdown measures in place to curb the spread of the COVID-19 pandemic, caused by the novel coronavirus. Stores considered non-essential re-opened in Belgium on 11 May 2020. EPA-EFE/ARIS OIKONOMOU

Основниот суд во Брисел пресуди дека обврската да се носи маска на јавно место како противепидемиска мерка е неуставна. Ова го објавија белгиските медиуми со образложение дека Обвинителството се жали на одлуката.

Се наведува дека судот донел пресуда за случајот на маж за кого полицијата констатирала дека не носи маска додека бил во кланица во една од населбите во главниот град.

Според судот, барањето да се носи маска на јавни места произлегува од владината резолуција, несоодветна со основниот закон.

Како што пренесуваат медиумите, судијата истакна дека условот да се носи маска не ги зема предвид околностите – дали нарушувањето е направено на отворено или во затворено. Судот утврди дека е соодветно да се воведат ограничувања на личните слободи во обидите да се стави крај на пандемијата, но инсистираше да се направи разлика помеѓу условите во кои е констатирано нарушувањето.

Се очекува белгиската Влада денеска да донесе одлука со која до март се забрануваат несуштински патувања надвор од земјата.

Извор:МИА

Видео на денот