Белгиски сатиричен портал го исмева Милановиќ: Никој не го „рецка“ лудиот хрватски претседател

Милановиќ во Мадрид на самитот на НАТО/Фото: Твитер

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ учествува на самитот на НАТО во Мадрид на кој се разговара за војната во Украина и за проширувањето на Алијансата со Финска и Шведска, откако Турција ја укина блокадата.

Присуството на Милановиќ на самитот го забележа и белгискиот сатиричен портал LeChou News, кој најчесто објавува хумористични описи заедно со фотографии од европски политичари. Тие се нарекуваат себеси „врвни извори на вести – намерно неточни“.

За Милановиќ објавија и фотографија од вчерашниот свечен прием во Мадрид, на која тој стои во позадина, додека пред него данската премиерка Мете Фредериксен разговара со американскиот и францускиот претседател Џо Бајден и Емануел Макрон.

– Никој не сака да разговара со хрватскиот луд претседател – напишаа како објава.

Ова не е првпат сатиричниот портал да се осврнува на Милановиќ. Минатата недела тие објавија кратко видео од финската премиерка Сана Марин како го чека Милановиќ во Пантовчак.

-Хрватскиот претседател беше наречен „најгруб и можеби најглупавиот жив човек“ откако финската премиерка мораше да го чека – напишаа тогаш во описот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот