Белгиски инженери креираа иновативен тоалет

Фото: Профимедиа

Четворица белгиски инженери дизајнирале тоалет кој може да ја прилагоди количината на вода потребна за евакуација на отпадот според содржината што влегува во тоалетната школка, а таквиот еколошки и поекономичен пристап е атрактивен на меѓународниот пазар, објави порталот „Фокус на Белгија“. Писоари со автоматски систем за испирање се веќе широко распространети. Сепак, иновацијата сè уште може да се развие, како што покажаа четворица дизајнери кои работат во ИПЕЕ со седиште во Антверпен, пренесува Бета.

Најновиот изум на белгиските инженери е доста корисен, бидејќи тоалетот наречен Бади овозможува целосна автоматизација на чистење на шолјата на многу прецизен и хигиенски начин. Тоалетот со висока технологија им нуди на корисниците зголемена удобност во смирувачка атмосфера благодарение на пригушеното осветлување.

Нема потреба да притискате ниту едно копче, само мавтајте со раката за лесно да го активирате бесконтактниот тоалет, велат инжинерите.

Неговата употреба е исто така дел од одржливиот пристап бидејќи со своите патентирани сензори, овој нов систем самостојно ја прилагодува количината на вода потребна за евакуација на отпадот според неговата количина и природа. Тоалетот Бади веќе „шармирал“ поединци и компании, а го има на различни јавни простори како што е аеродромот во Сингапур.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот