Белгиската полиција смртно застрела пациент на психијатриска клиника, носел нож и се однесувал агресивно

Фото: Belga / Laurie Dieffembacq.

Полицијата застрела вооружен пациент кој со себе носел нож во психијатриска клиника во Брисел, соопшти локалното обвинителство, објави Brusselstimes.

Инцидентот се случил околу 10:30 часот

Полицијата била повикана бидејќи 49-годишниот маж почнал да се однесува агресивно во Психијатрискиот институт „Фонд Роа“, а персоналот на клиниката не можел да се справи со него.

Обвинителството соопшти дека првите сознанија од истрагата покажале дека полицијата морала да повика засилување откако првата патрола пристигнала на местото на настанот, поради особено опасното однесување на лицето и состојбата на вознемиреност.

„За време на акцијата полицајците морале да употребат оружје“, соопшти обвинителството, додавајќи дека пациентот бил застрелан во раката и стомакот, а откако бил пренесен во болница починал од повредите.

Обвинителството најави дека комисија, која врши надворешен надзор над белгиската полиција, ќе го испита случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот